Повеќето фудбалски фанатици, на прашањето за најдобрата одбрана на сите времиња, би укажале на Рене Игита на пријателскиот натпревар Колумбија – Англија во 1995 година. Легендарниот „шкорпион кик“ е врежан во меморијата, но неодамна доби конкуренција.
Станува збор за натпреварот од либанската Премиер лига меѓу Ал-Бурџ и Ал-Ансар (2:1), а главен актер на оваа приказна беше голманот на Ал-Ансар, Назих Асад.
Домашните изведоа слободен удар од десната страна, топката одеше во голот, но Асад „мртов-ладен“ ја удри топката, слично како Игита, со пета! Тој ретко виден потег заслужено наиде на аплауз кај публиката.
🇱🇧The Scorpion save, Lebanese version. Al Ansar's goalkeeper, Nazih Assaad, with this brilliant save.pic.twitter.com/3FaozyHewr
— BabaGol (@BabaGol_) April 27, 2024