Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го коментираше поразот на неговиот тим од Баерн Минхен со минимални 0:1 (вкупни 2:3).
– Постои големо чувство на разочарување кај сите играчи. Посакувам да ги најдам вистинските зборови, но не можам. Мораме да го надминеме ова. Се соочивме со многу искусен тим.
Имаше моменти кога бевме подобри, но им дозволивме да постигнат два гола на првиот натпревар што им донесе предност. На играчите сега им е потребна целосна поддршка, изјави тренерот на „топчиите“.
И покрај разочарувачкиот пораз, тимот на Микел Артета покажа неверојатен напредок и се врати во Лигата на шампиони (ЛШ) по седумгодишното отсуство, а успеа да ја мине и осминафиналната фаза, за прв пат од 2010 година.
– Арсенал не беше во Лигата на шампионите седум години. Прво сакате да се квалификувате, но потоа сакате да играте во полуфинале и во финале. Навистина сакавме да го направиме тоа, но како што можете да видите на многу други тимови им требаат шестдо седум години за да стигнат до ова ниво. Бевме многу блиску, тоа е вистината, додаде Артета.