Литванецот Миколас Алекна постави нов светски рекорд во фрлање диск на натпревар во Рамона, САД. Новото рекордно достигнување на 21-годишниот атлетичар изнесува 74,35 метри.
Претходниот рекорд во оваа дисциплина беше најстар во машката атлетика воопшто и беше на сила речиси 38 години. Тој беше во сопственост на Јирген Шулт од Германија поставен во 1986 година и изнесуваше 74,08 метри.
Алекна го освои сребрениот медал на Светското првенство (СП) во Јуџин, САД во 2022 година, а една година подоцна во Будимпешта стигна до бронзениот медал. Постигнувањето на Литванецот беше дел од шест последователни обиди од над 70 метри.
Алекна влезе во историјата, но сега Светската атлетика (СА) треба да го ратификува тој резултат и да го потврди новиот светски рекорд.