НБА лига: Денвер ја почнува одбраната на титулата како второпласиран на Западот, Бостон прв на Истокот

Кошаркарите на Оклахома Сити тандер го освоија првото место во Западната конференција, а Денвер нагетс ќе стартуваат од втората позиција во одбраната на титулата.

Од трите екипи кои влегоа изедначени во последниот ден од сезоната, само Минесота тимбервулфс загубија, завршувајќи на третото место. Тие беа поразени од Феникс санс, кои со тоа станаа последната екипа која обезбеди директен влез во плеј-офот, од шестото место.

Денвер славеше против немотивираниот Мемфис, но Минесота не издржа и загуби на домашен терен од Феникс, а за „казна“ ќе игра против Санс во првото коло од плеј-офот. Голден Стејт стартува од последното, десетто место.

Двојки за плеј-оф: Оклахома Сити (1) – Плеј-ин (8),  Денвер (2) – Плеј-ин (7), Минесота (3) – Феникс (6), ЛА Клиперс (4) – Далас (5)

Двојки за плеј-ин (од 16 до 19 април):  Њу Орлеанс (7) – ЛА Лејкерс (8), Сакраменто (9) – Голден Стејт (10), Поразениот 7/8 – Победникот 9/10.

Познати се плеј-оф и плеј-ин двојките и на Истокот. Бостон селтикс од поодамна си ја обезбеди првата позиција, а во борбата за втората учествуваа три екипи меѓу кои како победник излегоа Никс кои дури по продолжение го совладаа Чикаго булс со 120:119, туркајќи го Милвоки бакс на третата позиција.

Во борбата за петтото место победија сите четири тима и со тоа си ги задржаа истите позиции како и пред последниот ден.

Двојки за плеј-оф (мечевите почнуваат на 20 април): Бостон (1) – Плеј-ин (8), Њујорк (2) – Плеј-ин (7), Милвоки (3) – Индијана (6), Кливленд (4) – Орландо (5)

Двојки за плеј-ин (од 16 до 19 април): Филаделфија (7) – Мајами (8), Чикаго (9) – Атланта (10), Поразениот 7/8 – Победникот 9/10

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО