Победи на Е.Пелистер, Алкалоид и Охрид во домашното првенство

Ракометарите на Алкалоид на гостински терен остварија триумф над ГРК Тиквеш (28:23) во рамките од деветтото коло од плејофот во македонската Суперлига.

Најдобар стрелец во Алкалоид беше Марко Митев со седум гола, додека Марко Стојковиќ погоди пет пати. Кај Тиквеш се истакна Мартин Манасков со осум погодоци.

Охрид ја совлада Струга на гости со конечен резултат 21:24, најмногу благодарение на Никола Јукиќ со шест гола, а на спротивната страна прв стрелец беше Бошњак со девет.

По поразот во дербито против Вардар, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер им се врати на победите откако на свој терен триумфираше против тимот на Бутел Скопје со 30:22.

Најефикасен кај победниците беше Филип Кузмановски со пет погодоци, а еден помалку имаше Жарко Пешевски. Кај гостите доминираа Стефан Крстевски и Владимир Јевтиќ со по четири голови.

Табела: Еурофарм Пелистер 26 бодови, Вардар 24, Охрид 23, Алкалоид 21, Тиквеш 16, Тинекс Пролет 6, Бутел Скопје 4, Струга 0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО