Според новинарот на Билд, Кристијан Фалк, шефовите на Баерн Минхен не се сигурни дека актуелниот тренер на фудбалерите на Брајтон, Де Зерби, ќе му одговара на клубот.
Италијанецот има темпераментен карактер и не зборува германски. Сепак првите контакти биле остварени. Затоа како прв фаворит се наметнува поранешниот стратег на баварците, Јулујан Нагелсман, кој беше избркан во 2023 поради прекршување на правилата на клубот. Тој сега е на чело на селекцијата на Германија.