Србите велат Марјан Вајда му заби нож во грб на Ѓоковиќ со ваква „индијанска“ изјава

Новак Ѓоковиќ во моментот нема постојан тренер, а во Монте Карло, пријателски му асистира Ненад Зимоњиќ.

Многумина се прашуваа дали тој ќе биде новиот избор на српскиот тенисер, но од Новак Ѓоковиќ се уште нема конкретен одговор. Но во меѓувреме, дојде една доста интересна порака од Марјан Вајда, екс тренерот на Ѓоковиќ, кој смета дека можеби српскиот ас не е повеќе најдобар.

– Би рекол дека Синер во моментот е најдобар играч на АТП турнирите. Минатата година беше импресивен и доста напредуваше, покажа дека има во него континуитет. Мислам дека е голем фаворит да стане број 1. Карлос Алкараз исто така сметам дека е добар тенисер, но Јаник ми делува дека е по фокусиран во овој момент, порача Марјан Вајда.

Многу од навивачите на Ѓоковиќ беа изненадени од таквиот став на Марјан Вајда, сега посебно откако тој не е повеќе тренер на српскиот ас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО