ЛШ: ИСИС се заканува дека ќе ги нападне стадионите. Воведени посебни мерки!

Шпанската престолнина, Мадрид се соочува со големи организациски предизвици пред четвртфиналните натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ), Реал – Манчестер сити (вечерва) и Атлетико – Борусија Дортмунд (утревечер).

Безбедносните предизвици исто така се огромни, особено по експлицитните закани од Исламската држава (ИСИС). На различни интернет канали поврзани со таа терористичка група, објавени се закани поврзани со ЛШ и стадионите на кои ќе се играат натпреварите.

Станува збор за „Сантијаго Бернабеу“ и „Метрополитано“ во Мадрид, за „Емирати“ во Лондон и за „Паркот на принцовите“ во Париз. Заедно со имињата на стадионите објавена е и пораката „Убијте ги сите„!

Шпанија вообичаено има пет нивоа на антитерористичка тревога, а моментално е на четвртото ниво. „Марка“ пишува дека засега нема индикации за одложување на натпреварите и наведува пример кога пред неколку години цивилната заштита уапсила вооружен маж и пронашла дрон полн со експлозив што сакал да го употреби на „Ел Класико“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО