ЛШ: Два четвртфинални спектакла, дуел меѓу шампионите од минатите две сезони

Вечерашните натпревари (21 часот), Арсенал – Баерн Минхен во Лондон и Реал – Манчестер сити во Мадрид, ја „отвораат“ четвртфиналната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал.Реваншите се закажани за 17 април.

Четирите екипи стигнаа до нокаут фазата од елитното европско клупско натпреварување како победници во групите.

Во осминафиналето, Арсенал го победи Порто по подоброто изведување пенали и се пласираше меѓу осумте најдобри. Баерн го елиминира Лацио со вкупни 3:1, Реал беше поуспешен од Лајпциг, 2:1, а Манчестер сити двапати го победи Копенхаген, со по 3:1.

Ова е трета сезона по ред во која Реал и Сити, шампионите од минатите две сезони, се среќаваат во нокаут фазата. Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал пред натпреварот размислува и за атмосферата, па испратил посебно барање до УЕФА.

„Кралевите“ сакаат натпреварот да го играат под затворен покрив, што е опција откако „Сантијаго Бернабеу“ беше реновиран минатата година.

Се претпоставува дека УЕФА ќе го одобри тоа барање бидејќи Реал сезонава веќе играше под затворен покрив во ЛШ. Во Мадрид се надеваат дека со помош на затворениот покрив и на 80.000 навивачи ќе направат „жешка“ атмосфера.

Четвртфиналната фаза од ЛШ продолжува со утрешните натпревари во кои се среќаваат Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд и ПСЖ – Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО