Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е чекор поблиску до завршување на кариерата, барем за тоа сведочи неговата последна изјава.
Тој неодамна го откажа учеството на мастерс турнирот во Монте Карло, иако таму се очекуваше тој да се врати и да се обиде да ја подигне формата. Меѓутоа, сфати дека неговото тело одбива да го слуша и дека не може да го поднесе бараниот напор.
– На лично ниво се е во ред, но на професионално, многу тешко. Се соочуваш со некои лоши моменти кои не си ни замислувал дека можат да ти се случат. Ништо не исклучувам, ни турнирот во Барселона, ни во Мадрид, но сепак, во овој момент, не можам да настапам поради проблемите кои ги имам.
Тој истакна дека психолошки добро се носи со проблемите, но дека физичките му прават сериозен проблем.
– Моето тело не ми дозволува да игра, тешко ми е, вака е веќе повеќе од една година. Секој ден се обидувам да решам нешто, но реалноста е дека во моментот не можам да направам многу на терен. Имам и јас ментални бариери кога не можам да остварам некои цели, но овој пат станува збор за физичка природа. Имам промени во абдоменот од кога се вратив од Австралија, па одам чекор по чекор, се обидувам разни работи, порача Рафаел Надал.