Постариот Надал: Ако Рафа не биде подготвен пред Ролан Гарос, подобро би било..

Чичкото на Рафаел Надал и негов некогашен тренер, Тони Надал, се обиде да објасни што го мачи неговиот внук, кој е принуден да ги откажува престижните турнири, се со цел да биде подготвен за настап на Ролан Гарос.

– Рафаел има проблем само кога сервира, се друго е добро. Со останатите тениски елементи, се е во ред. Очекувам да биде подготвен за Барселона, веднаш по Монте Карло, порача Тони Надал.

Веднаш потоа, би требало да заигра во Мадрид и Рим, со цел да фати залет за Рола Гарос. Нормално, Тони Надал остава простор тоа и да не се оствари, само поради проблемите кои ги има.

– Ако би можел да игра пред Ролан Гарос, ќе дојде со шанси во Париз да одигра добар турнир, но ако не биде подготвен, подобро и да не игра, порача децидно постариот Надал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО