Рубиjалес тврди: Не бев со проститутки, нека ми вбризгаат серум за вистина!

Шпанскиот фудбалски сојуз (РФЕФ) и неговите сегашни и поранешни челници со недели се во центарот на скандалот поради наводните коруптивни практики, што доведе до упад на полицијата во просториите на РФЕФ. Повеќе лица се приведени на разговор, меѓу нив и поранешниот претседател, Луис Рубијалес

По слетувањето на аеродромот „Адолфо Суарез“ во Мадрид со лет од Доминиканската Република, Рубијалес бил уапсен и одведен на сослушување во полициска станица, но набрзо бил ослободен.

Рубијалес во интервјуто, во емисијата „Ел Објетиво“, се осврна на тврдењата дека организирал приватни забави и плаќал проститутки со парите на РФЕФ.

– Нека ми вбризгаат серум за вистина во вените и нека ме прашаат дали некогаш сум бил со проститутки. Одговорот е не, рече, меѓу другото, Рубијалес.

Ова не е единствениот случај Рубијалес да е предмет на истрага. Моментално тој е суспендиран од ФИФА од сите должности, на три години, поради сексистички скандал, а не смее да има функција во националните или во меѓународните фудбалски тела за време на суспензијата.

Причината е бакнежот на фудбалерката Џени Ермосо, на доделувањето на златните медали за Шпанките на Светското првенство (СП). Рубијалес против нејзина волја ја бакнал Ермосо, кој подоцна, за време на преносот во живо на Инстаграм, изјави дека не и се допаднал потегот на Рубијалес.

Но, претседателот не застанал тука. За време на прославата во соблекувалната ја прегрнал Ермосо велејќи: „Јас и ти ќе се венчаме на Ибица“. Ермосо поднесе и официјална жалба до обвинителството против Рубијалес, кој потоа поднесе оставка од сите функции.

Рубијалес ги отфрли наводите за сексуална злоупотреба и принуда што ги покрена Ермосо против него. Обвинителот побара да му забрани на Рубијалес да и се приближи на Ермосо поблиску од 500 метри, што беше прифатено. Доколку биде прогласен за виновен, Рубијалес се соочува со парична казна или до четири години затвор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО