Мајами опен: Колинс ја победи Рибакина, за прва голема титула во кариерата

Американката Даниеле Колинс триумфира на Мастерс турнирот во Мајами Опен, прва титула за неа на ВТА 1.000 во кариерата, победувајќи ја во финалето четвртата носителка, Елена Рибакина од Казахстан со 7:5, 6:3.

За Колинс (30), која планира да се пензионира на крајот од 2024,-та, ова беше вкупно трета турнирска титула во кариерата, прва од 2021 година.

– Работев многу напорно и ми требаше многу подолго време од многуте играчи на турнирите да стигнам до ова ниво. Да се има цел стадион на своја страна беше нешто посебно. Ми беше тешко да не бидам емотивна, рече Колинс, по настапот во родната Флорида.

Победувајќи ја Рибакина, шампионката од Вимблдон 2022 година, Колинс од 53-то, утре ќе скокне на 22-то место на ВТА листата. Таа стана втората неносителка на турнирот, женска шампионка во Мајами, по Ким Клајстерс во 2005 година.

Рибакина втора година по ред загуби во финалето на Мајами. Лани беше поразена од Петра Квитова.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО