Динамо Загреб со минимална победа од 1:0 на „Пољуд“ во Сплит, успеа да им нанесе сериозен удар на Хајдук во битка за титулата.
Еден момент на оваа средба беше пресуден за гостите од главниот град да го однесат целиот плен и со тоа да и направат огромна услуга на Ријека која е лидер во првенството.
Голот за водство на Динамо Загреб се случи во финишот на првиот дел, кога Петковиќ успешно биеше во голот на домаќините за водство, а на крајот се покажа дека тоа беше и единствениот гол на оваа средба. Иако Хајдук имаше теренска иницијатива до самиот крај, не успеаја да дојдат до нерешено и барем бод од ова дерби.
Сега работите се јасни, Ријека останува лидер во првенството со 62 бодови, втор е сега Динамо со 57, додека Хајдук е третопласиран со 55 бодови, со тоа што Динамо иако заостанува со 5 бодови зад лидерот, има и натпревар помалку, па тоа остава простор за неизвесен финиш на сезоната.