Поранешниот италијански репрезентативец, сега напаѓач на Торонто во МЛС лигата, Лоренцо Инсиње ќе паузира најмалку шест недели поради повреда на десната тетива, на мечот минатиот викенд против Атланта јунајтед (2:0).
Тренерот на Торонто, Џон Хердман ја потврди непријатната вест. Тој рече дека скенирањето со магнетна резонанца го покажало степенот на повредата и додаде дека лекарите од Канада, Англија и од Италија ги проучуваат резултатите.
– Тоа е сложена повреда на мускулот. Кога е во таа фаза, треба да добиете повеќе мислења, изјави Хердман.