ФФМ: Целосно соработуваме со МВР

Откако денес во јавноста излезе информација за спроведена голема полициска акција за откривање на наводно наместени фудбалски натпревари во Македонија, со соопштение се јави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Во соопштението ФФМ ја потврдува соработката со органите на МВР и Обвинителството:

„Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ, потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства…

Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, Фудбалската федерација на Македоија (ФФМ) целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел“, се вели во известувањето од Фудбалската федерација на Македонија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО