Тренерот на Интер, Симоне Инзаги (47) по завршувањето на сезоната ќе потпише нов договор со клубот, пишува „Газета дело Спорт“.
Актуелниот договор на Инзаги е до летото 2025 година, а продолжувањето ќе биде за уште една година, плус опција за ново продолжување на уште 12 месеци, до крајот на сезоната 2026/27.
Симоне Инзаги е на клупата на Интер од јуни 2021 година. Во тој период тпј го освои секој можен трофеј во Италија, а минатата сезона го одведе тимот до финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), во кое загуби од Манчестер сити (0:1).