Капитенот на ПСЖ тренира по подолгата пауза      

Капитенот на ПСЖ, Маркињос, се појави на тренингот во текот на вчерашниот ден, по подолгата пауза, од 17 февруари, кога ја повреди ахиловата тетива во победата над Нант од 2:0, информираше „Л’Екип“.

Ова е одлична вест за тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кој ќе може да смета на искусниот централен бек за претстојниот четвртфинален дуел во Лигата на шампиони (ЛШ) против Барселона, во април.

ПСЖ првиот тренинг во полн состав ќе го има утре попладне, бидејќи Енрике им даде два дена одмор на сите интернационалци кои играа за своите репрезентации во текот на неделата.

Францускиот шампион во недела му гостува на Олимпик Марсеј во дербито на француската Лига 1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО