(ВИДЕО) НБА лига: Рекорден домашен пораз на Торонто репторс

Њујорк никс ја извојува најубедливата победа сезонава на гости, во Торонто совладувајќи ги Репторс со 145:101. Поразот со 44 поени разлика пак е најголем за Торонто на домашните натпревари, од основањето на клубот во 1995 година!

Никс погодија 22 тројки, со 50 процентна точност, што е нивни најдобар ефект сезонава. Одличен во 16-те минути колку што мина на паркетот беше Хрватот, Бојан Богдановиќ кој погоди четири од петте тројки (вкупно 7/11 шута), постигнувајќи 18 поени, најмногу за него од почетокот на март кога и даде 19 поени на Атланта хокс.

Њујорк до победата, седма на последните осум натпревари, го предводеа Мајлс Мекбрајд, кој го изедначи личниот рекорд во кариерата со постигнатите 29 и Џејлен Брунсон со 26 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО