Ван Аерт ќе ги пропушти Фландрија и Париз – Рубе, неизвесен и Џиро!

Белгискиот велосипедист Вут ван Аерт (29) од Визма-Лис тимот, ја скрши клучната коска, како и неколку ребра, во тешката незгода на еднодневната трка во Белгија.

Поради тоа тој ќе ги пропушти претстојните „класици“, Трката околу Фландрија, Париз-Рубе и Амстел голд рејс, и, како што соопштија од неговиот тим, останува „нејасно“ колку колку долго ќе се опоравува.

Тој беше еден од фаворитите за победа на Трката околу Фландрија на 31 март, на Париз – Рубе што ќе се одржи на 7-ми, како и на Амстел голд рејс, на 14 април.

Ван Аерт, кој победи на Амстел во 2021 година и има девет етапни победи на Тур де Франс се надева дека ќе се опорави навреме и ќе вози на Џиро д’Италија, што почнува на 4 мај.

На неа тој ќе атакува (ако воопшто настапи) на етапни победи и на висок пласман, откако најави дека ќе го прескокне годинашниот Тур де Франс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО