Ачерби ослободен од обвиненијата за расизам, нема докази

Фудбалерот на Интер, Франческо Ачерби е ослободен од обвиненијата за расистички навреди кон фудбалерот на Наполи, Жуан Жесус. Вака одлучи спортскиот суд во Италија.

Весникот „Газета дело Спорт“ објави дека спортскиот судија Херардо Мастрандреа го прогласил дефанзивецот на Интер невин. Фудбалерот беше ослободен поради недостиг на докази, затоа што против него немаше ништо освен сведочењето на Бразилецот.
Ачерби нема да биде дисквалификуван и ќе може да игра на 1 април во составот на Интер против Емполи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО