Со три победи во квалификациите македонскиот тенисер Горазд Србљак избори пласман на главниот турнир на фјучурсот што за награден фонд од 15.000 долари се игра во Анталија, Турција.
Србљак во денешеното „финале“ од квалификациите го совлада Аргентинецот, Фернандо Каваљо со 2:0 во сетови 6:2, 6:3 за еден час и 33 минути игра. Македонецот во првото коло од главниот турнир в среда ќе игра со Холанѓанецот Стијн Слумп (25 години, 813 место АТП), кој во денешниот меч од квалификациите беше убедлив против Јоан Александру Чирица од Романија со 6:2 и 6:0.