Барселона ќе ја продолжи соработката со Араухо

Челниците на Барселона ќе му понудат нов договор на дефанзивецот, Уругваецот, Роналд Араухо. За услуги на Араухо заинтересиран е и Баерн Минхен кој неофицијално понудил 100 милиони евра, велат последните информации од Шпанија.

Новиот договор треба да биде до 2029 година, а платата на играчот драстично да биде зголемена. Араухо (25) сезонава има одиграно 31 меч за Барса во сите конкуренции на кои постигна и еден гол.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО