Поранешниот германски репрезентативец, Лотар Матеус по победата на Германија над Франција со 2:0, ја пофали работата на селекторот, Јулијан Нагелсман и даде оптимистички прогнози за настапот на претстојното Европско првенство (ЕП) летово.
– Тимот е на добар пат, со комбинацијата на млади, искусни, брзи и паметни играчи. Квалитетот е висок и играчите имаат се’ што им е потребно за да станат европски шампиони. Но, ова е само почеток. Најважно е што Нагелсман ги претвора овие играчи во кохезивна единица која не само што добро игра, туку и се држи заедно, изјави Матеус.