Ребиќ заминува од Турција и се враќа во Хајдук?

Според пишувањата на турските медиуми, Анте Ребиќ, 30-годишниот фудбалер на Бешикташ, се враќа дома, во Хрватска. Според нивните информации, Хајдук е заинтересиран за Ребиќ, кој пристигна во Турција од Милан како слободен играч летото 2023 година, но очигледно не се снајде најдобро во новата средина.

Ребиќ досега одигра само 23 меча за „црно-белите“ од Истанбул, а португалскиот тренер Фернандо Сантош го исфрлил од тимот. Ребиќ последните пет првенствени натпревари на Бешикташ ги гледаше од клупата за резервни играчи или од трибините.

Ребиќ во кариерата настапуваше за Сплит, Фиорентина, Лајпциг, Верона, Ајнтрахт Франкфурт и Милан. Со Ајнтрахт, под водство на хрватскиот тренер Нико Ковач, го освои Купот на Германија во 2018 година.

За хрватската репрезентација, Ребиќ одигра 42 меча, даде три гола и има сребро од Светското првенство (СП) 2018 година. Но за „коцкастите“ нема играно од 2021 година откако по Европското првенство (ЕП) го критикуваше селекторот Златко Далиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО