Хет-трик на САД во Лигата на нации на КОНКАКАФ

Фудбалската селекција на САД триумфира во Лигата на нации (ЛН) на КОНКАКАФ зоната, трет пат по ред, на исто толку одржани турнири. Во финалето во Тексас, Американците го победија Мексико со 2:0, со головите на Тејлор Адамс и на Џовани Реина.

Неколку минути пред крајот на натпреварот, главниот судија Дру Фишер го прекина натпреварот откако од трибините каде што беа навивачите на Мексико честопати се слушаа дискриминаторски, хомофобични скандирања упатени кон голманот на САД, Мет Тарнер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО