Алвеш не собра пари да ја плати кауцијата

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, кој неправосилно е осуден на четири и пол години затвор поради силување, не успеа да собере еден милион евра за кауција во дадениот рок и ќе мора да остане во притвор најмалку до понеделник.

Судот во Барселона во средата одлучи да му дозволи на 40-годишниот Алвеш да се брани од слобода во жалбената постапка и одреди кауција од еден милион евра.

Правните застапници на Алвеш, меѓутоа, не успеаја да ја соберат потребната сума заклучно со крајниот рок, (петок, 14 часот по средноевропско време) и бразилскиот фудбалер и овој викенд ќе го помине зад решетки, а најрано може да се најде на слобода в понеделник.

Бразилецот веќе 14 месеци се наоѓа во затворот Брајанс 2, кој се наоѓа на 40 километри северозападно од Барселона.

Неговиот сонародник Нејмар финансиски го помагаше во текот на судскиот процес, но таткото на ѕвездата на ПСЖ вчера беше категоричен дека семејството Нејмар нема да ја плати кауцијата за Алвеш.

Алвеш е осуден за силување девојка во ноќен клуб во Барселона на 30 декември 2022 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО