Куп на Македонија во одбојка: Струмица – Штип УГД за трофејот

Струмица и Штип УГД ќе играат во финалето на 31-от Куп на Македонија во одбојка, во недела (15 часот), во салата „Јордан Мијалков“ во Штип.

Во полуфиналињата, бранителот на трофејот, Струмица ја совлада Лирија со 3:0 (25:20, 25:14 и 25:16, а Штип УГД беше подобар од Работнички, победувајќи го со идентични 3:0 (25:23, 25:20 и 25:18).

Одбојкарките полуфиналните дуели ќе ги играат денеска. Ланските победнички Работнички Скопје ќе се сретнат со првопласираниот тим во првенството, Струмица жени (17 ч,), а минатогодишните финалистки, Наковски волеј со Јанта волеј (20 ч.). Финалето е закажано за недела напладне.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО