Сан Марино не успеа да ја прекине неверојатната серија од 138 натпревари без победа. Вчера во пријателскиот натпревар Сан Марино загуби дома од Свети Китс и Невис, репрезентацијата на малата земја од Карибите, со 1:3.
Единствената победа на 202-та меѓународни натпревари (загуби на 193) Сан Марино ја прокнижи против Лихтенштајн, (1:0) во април 2004 година, пред речиси 20 години.
Сан Марино е последната, 210-та репрезентација на ранг листата на ФИФА, а Сент Китс и Невис на 147. место.
Охрабрувачки за Сан Марино, селекцијата во која поголемиот број фудбалери се аматери, е што постигна гол на рекордниот четврти последователен натпревар!
Најлошата светска репрезентација постигна гол против Данска (1:2), Казахстан (1:3) и Финска (1:2) во квалификациите за Европското првенство (ЕП).