Во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, од денеска до недела, ќе се одржува завршниот турнир за Купот на Македонија во одбојка. Трофеите од лани ќе ги бранат екипите на Струмица (мажи) и на Работнички Скопје (жени).
Одбојкарите полуфиналните дуели ќе ги играат денеска, а одбојкарките утре. Двете финалиња се закажани за недела, од 12 (жени) и од 15 часот (мажи).
Ждрепката одлучи во првото машко полуфинале да се сретнат Работнички – Штип УГД (17 ч,), а во второто, Струмица и Лирија (20 ч.).
Кај дамите, во полуфиналето ланските победнички Работнички Скопје ќе играат со првопласираниот тим во првенството, Струмица жени (17 ч,), а минатогодишните финалистки, Наковски волеј со Јанта волеј (20 ч.).