Младите фудбалерки на Македонија со три убедливи порази се враќаат од Полска

Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија (до 17 години) со три убедливи порази го заврши настапот на квалификацискиот турнир што се одржа во Полска, во групата 7, лига А (втора рунда).

Во првото коло Македонија беше поразена од домаќинот, Полска со 0:9. Во второто коло нов пораз, од Данска 0:3, а во последното коло повторно дебакл, пораз од Шкотска, 0:7.

По одигрување на сите натпревари во групата 7, Македонија предводена од Катерина Милеска, се најде на последното место.

Првото место го освои домаќинот и фаворитот во групата, Полска со три победи. Втора беше Шкотска со две победи и еден пораз, а трета Данска со една победа и два пораза.

Во следниот квалификациски циклус, Македонија ќе игра во лига Б.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО