(ВИДЕО) Шутерски најлоша вечер за Лука Дончиќ во НБА кариерата!

Словенецот Лука Дончиќ го одигра најлошиот шутерски натпревар во НБА кариерата, но сепак стигна до осмиот трипл-дабл во последните 10 натпревари!

Далас маверикс забележа нова победа, против Сан Антонио спарс 113:107, најмногу благодарение на Кајри Ирвинг, кој постигна 28 поени. Маверикс сега е на седмото место во Западната конференција со скор од 40 победи и 29 порази

Дончиќ натпреварот го заврши со 18 поени, 10 скока и 16 асистенции, за 18-ти трипл-дабл сезонава што е негов рекорд во една натпреварувачка година.

Дончиќ имаше мизерен процент на шут (22,2 отсто), промаши вкупно 21 удар (6/27, 2/12 за три поени), најмногу откако е во НБА, но имаше неколку одлични додавања.

Во дербито на вечерта во пресметката меѓу второ и третопласираните тимови на Западот,  Денвер нагетс беше подобар од Минесота тимбервулфс на гости со 115:112.

Ѕвезда на натпреварот беше, се разбира, Србинот Никола Јокиќ кој доминираше постигнувајќи 35 поени и 16 скока.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО