Дојде крајот на неверојатната серија која ја имаше Антоан Гризман

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, ќе ја прекине серијата од 84 последователни натпревари за француската фудбалска репрезентација.

Гризман поради повреда на зглобот, ќе го пропушти пријателскиот меч против репрезентацијата на Германија во Лион на 23-ти месецов, а три дена подоцна и мечот против Чиле во Марсеј.

Офанзивецот на Атлетико настапуваше на секој натпревар изминатите седум години, а селекторот Дидие Дешамп, наместо него во составот го повика играчот на Лацио, Матео Гендузи.

За репрезентацфијата на Франција, Гризман има постигнат 44 погодоци на 127 натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО