Бојку со скршеница на ногата, сезоната за него е завршена

Фудбалерите на Струга Трим Љум заблежаа победа на гостувањето кај Работнички во 24. коло од ПМФЛ, со 2:1. Сепак она што се случи во финишот од натпреварот ги остави фудбалерите на Струга без многу радост по завршувањето на средбата.

Во 84. минута Белица и Бојку страотно се судрија по една „ничија“ топка, по што фудбалерот на Струга Трим Љум го извлече подебелиот крај и веднаш беше заменет и со амбулантно возило префрлен во болница.

Бесмир Бојку според првичните информации има фрактура (скршеница) на десната нога во пределот над зглобот. Ова значи дека сезоната за него е завршена, а прашање е колку ќе биде потребно време за негово враќање на теренот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО