Турскиот фудбалер Арда Ѓулер имаше неверојатен обид во завршницата на мечот меѓу Осасуна и Реал Мадрид (2-4), но топката заврши во пречката.
Ѓулер испрати удар од средината на теренот и го лобуваше голманот, но топката заврши само во пречката.
Младиот и талентиран фудбалер доби големи пофалби од јавноста, но и тренерот Карло Анчелоти.
„Само голем талент може вака да ја прочита играта. Не е важно тоа што не постигна гол, туку неговиот потег беше генијален“, кажа Анчелоти.