Катар и Мароко во следните пет години ќе бидат домаќини на сите СП до 17 години

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска им додели на Катар и Мароко организација на по пет изданија на светските првенства до 17 години во машка и женска конкуренција.

Почнувајќи од 2025 година, овие светски шампионати ќе се играат секоја година. Катар ќе биде домаќин на секое Светско првенство за играчи до 17 години од 2025 до 2029 година, а на нив ќе настапуваат по 48 репрезентации.

Во истиот период, Мароко ќе организира пет турнири на Светскиот куп на ФИФА за жени до 17 години со 24 репрезентации. Катар беше домаќин на Светското првенство во 2022 година, а Мароко ќе биде еден од шесте организатори на Светското првенство во 2030 година.

Светските првенства до 17 години се двегодишни, а ФИФА сака тие да се организираат секоја година, за да се осигура дека ниту една возрасна група на играчи не го пропушта натпреварувањето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО