По повредата на Коман: Диаби повторно во составот на Франција

Селекторот на Франција Дидие Дешамп ги објави повиканите фудбалери за претстојните натпревари на „галските петли“ со Германија и Чиле. Крилниот напаѓач на Астон Вила, Муса Диаби се врати во националниот тим, на местото на повредениот Кингсли Коман.

Во изборот на Дешамп се најдоа: Голмани: Алфонс Ареола (Вест Хем), Мајк Мењан (Милан), Брајс Самба (Ленс) Дефанзивци: Џонатан Клос (Олимпик Марсеј), Лука Ернандез (ПСЖ), Тео Ернандез (Милан), Ибрахима Конате (Ливерпул), Жил Кунде (Барселона), Бенџамин Павар (Интер), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајо Упамекано (Баерн Минхен) Среден ред: Едуардо Камавинга (Реал Мадрид), Јусеф Фофана (Монако), Адриен Рабио (Јувентус), Аурелиен Чуамени (Реал Мадрид), Ворен Заире-Емери (ПСЖ) Напаѓачи: Муса Диаби (Астон Вила), Усман Дембеле (ПСЖ), Оливие Жиру (Милан), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Рандал Коло Муани (ПСЖ), Килијан Мбапе (ПСЖ), Маркус Турам (Интер).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО