Сари поднел оставка, заминува од клупата на Лацио

Маурицио Сари поднел оставка на позицијата прв тренер на екипата на Лацио. Според инсајдерот Фабрицио Романо, попладнево Сари го информирал раководството на клубот за својата одлука да си замине.

Лацио под водство на Сари ги загуби последните 4 натпревари и беше елиминиран од Лигата на шампионите во 1/8-финалето од Баерн.
Во последниот натпревар тимот загуби од Удинезе со 1:2, што беше причина Сари да ја прифати одговорноста и самиот да си замине од клупата на „римските орли“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО