Тренерот на фудбалерите на Борусија Менхенгладбах, Херардо Соан, очекува победа на утрешниот меч против третолигашот Сарбрикен во рамките на четвртфиналето на Купот на Германија.
Натпреварот првично беше закажан за 7 февруари но, беше одложен непосредно пред почетокот поради лошиот терен исполнет со вода.
– Мораме да се прилагодиме без разлика каков е теренот. Од тоа што го видов, теренот е погоден. Мислиме само на нашата игра, вели Соан. Ќе потсетиме дека Сабрикен претходно успеа да го елиминира Ајнтархт Франкфурт и Баерн Минхен.