Манчестер сити го победи Копенхаген и во реванш осминафиналниот натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ) со 3:1 (вкупни 6:2).
Со тоа „граѓаните“ станаа третиот тим во историјата на ЛШ што победил на 10 натпревари по ред. Пред Сити, тоа им успеа на Реал Мадрид (10 победи до февруари 2015 година) и на Баерн Минхен (15 натпревари до ноември 2020 година и 10 натпревари до ноември 2013 година).
Во групната фаза Сити победи на сите шест натпревари и заврши на првото место во конкуренција на Лајпциг, Јанг бојс и Црвена ѕвезда.