Манчестер Сити без поголеми проблеми вечерва се справи со Копенхаген на Етихад и со уште еден натпревар победија со резултат 3:1, по што се пласираа во четвртфиналето.
Стрелци за Сити вечерва беа Аканџи, Алварез и Халанд, додека за Копенхаген стрелец беше Елионуси.
Нешто поинтересно и понеизвесно беше во Мадрид, каде Реал како домаќин одигра само 1:1 против Лајпциг, па благодарение на победата со 1:0 нагости во првиот меч, „кралевите“ се дел од четвртфиналето.
Винициус Жуниор беше стрелец за Реал, додека за Лајпциг стрелаше Орбан.