Пехарот замина во Македонска Каменица

Кошаркарките на Баскет Кам го спречија МЗТ Скопје да го одбрани победничкиот пехар во Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Тие денеска во финалето ги победија убедливо „штрковите“ со 67:39 и по трет пат се израдуваа на трофејот. Во екипата од Македонска Каменица се издвои Ивана Кметовска со 23 поени и 15 скока додека Димова застана на 19 поени и 9 скока.

Во екипата на МЗТ Скопје најпрецизна беше Томас со 16 кошеви. На крајот признанието за најкорисен играч заврши во рацете на нашата репрезентативка Кметовска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО