Тен Хаг: Планот ни се одвиваше добро, но двајца играчи не ни беа 100 насто подготвени за дерби меч

Манчестер Сити успеа да го добие големото дерби против „црвените ѓаволи“ и да го продолжи ловот кон врвот од табелата.

Иако имаа негатива, Манчестер Сити успеа комплетно да направи пресврт и да ги освои бодовите (3:1). Но доколку од Јунајтед беа далеку поефикасни и концизни на оваа средба, сигурно ќе имаше друг епилог овој натпревар.

По натпреварот, тренерот на поразената екипа, се обиде да анализира што се случило со неговата екипа и зошто не успеале да направат добар резултат попладнево на Етихад.

– Момците апсолутно се бореа на терен, околу тоа немам што да им замерам. Заедништвото и борбата беа на вистинското ниво. Доколку овој натпревар се играше некој друг ден, можевме да го добиеме, но не денес, имаше мали маргини на крајот, односно разлики. Имавме двајца играчи на терен кои не беа 100 насто подготвени за денешната средба, Џони Еванс и Маркус Рашфорд, но тие дадоа се за тимот, а на крајот сме разочарани од резултатот.

– Имавме свои шанси, посебно Рашфорд, можеше да постигне уште некој гол. Сметам дека планот ни се одвиваше добро, но имаше мали разлики на терен кои на крајот заминаа во корист на Манчестер Сити, порача Ерик Тен Хаг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО