Екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа четвртата победа во исто толку натпревари во плејоф фазата во ракометната Суперлига.
Битолчани беа подобри од Тинекс Пролет со 32:29 и тоа во дуел во кој блескаше македонскиот репрезентативец, Кузмановски со дури 17 голови. Најголема поддршка му беше Радивојевиќ со пет погодоци, додека на спротивната страна по шест реализации имаа Димковски и Андоновски.
Тиквеш пак дојде до учиник 3-1 во разигрувањето откако славеше на гостински терен против Бутел. Доста неизвесно беше во дуелот во Скопје кој беше решен со голот на Стефановиќ за 22-21 за клубот од Кавадарци.
Тиквеш во следното коло го дочекува Пелистер што ќе биде нов голем предизвик за избраниците на Стојановиќ.