Кристијано Роналдо е суспендиран на два натпреварa, а ќе мора да плати и се’ уште непозната парична казна. Причината за тоа е вулгарниот гест на Португалецот по неделната победа на Ал Наср против Ал Шабаб, 3:2.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ се огласи со порака до Дисциплинската комисија.„Ги почитувам сите клубови, мојот потег изразува сила и победа, тоа не е срамен чин. Во Европа сите се навикнати на тоа“, се вели во пораката на Роналдо објавена на негвоиот официјалниот X профил (ТКР).
Роналдо ја изненади јавноста во Саудиска Арабија одговарајќи на провокациите од трибините. Навивачите на ривалскиот тим по којзнае кој пат се обидоа да го испровоцираат скандирајќи му „Меси, Меси“.
На тоа Роналдо одговори со фаќање за меѓуножјето. За време на натпреварот пак, при прославата на голот на Ал-Наср, Португалецот направи сличен, непристоен гест.
Останува да се види дали таа одбрана ќе влијае врз казната, но кога ќе се има предвид дека тој имал слични проблеми во минатото, прашањето е дали ќе му се „прогледа низ прсти” .