Формула 1 со поголеми приходи за 25 насто

Корпорацијата „Либерти Медиа“, која ги поседува комерцијалните права на Формула 1 (Ф1), во 2023-та ги зголемила приходите за една четвртина во споредба со претходната година.

Во финансискиот извештај објавен на официјалната интернет-страница на „Либерти Медиа“ се наведува дека во 2023 година, главен извор на приходите во Ф1 биле уплатите од промоторите (29,3 отсто), од тв-компаниите (32) и од спонзорите (18 отсто).

Вкупниот приход изнесувал 3,22 милијарди долари, што е за 25 насто повеќе од 2022 година. Нето добивката на Ф1 се зголемила од 239 на 392 милиони долари, што претставува зголемување за 64 насто во текот на годината.

„Либерти Медиа“ забележува и дека на паричните награди на тимовите се зголемиле. Во 2022 година, 10 тима добиле 1,15 милијарди, а во 2023-та, 1,21 милијарда долари, што е зголемување за пет насто.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО