(ВИДЕО) Победата на Македонија над Полска изненадување на месецот!

Победата на Македонија на гости над Полска (96:71), се’ уште е во центарот на вниманието на европската кошаркарска јавност. И тоа од повеќе причини, кои Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги наведува на официјалната интернет страница.

Македонија излезе како победник во дуелот меѓу две селекции кои ги направиле најголемите изненадувања на последните неколку Европски првенства (ЕП). Македонија беше полуфиналист во 2011-та, а Полска обезбеди место во првата „четворка“ на последното ЕП 2023 година.

Покрај тоа Македонија која е на 59-та позиција кај ФИБА беше подобра од репрезентацијата која е многу подоброрангирана, на 15-то место.

Тоа е најголемата „разлика“ што ја направила една  селекција на почетокот од новиот квалификациски циклус за пласман на завршниот турнир на ЕП 2025 година.

Ефектот на Ненад Димитријевиќ (32 поени, осум скока и осум асистенции) и на неговите соиграчи потврди дека разликата од тие 44 места и не е некој реален показател за моменталните квалитети, не само меѓу овие две селекции, туку и воопшто.

По завршувањето на првиот квалификациски февруарски „прозорец“, ФИБА потврди уште неколки изненадувања. Потенцирани се и победите на Бугарија против актуелниот светски шампион, Германија (67:62), како и онаа на Белгија против Шпанија (58:53).

Изненадување и е победата на Данска против Грузија (76:69), и секако, триумфот на Естонија, на свој терен против Литванија (65:59).


 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО