Челси ќе се обиде да го „украде“ Инзаги од Интер

Премиерлигашот Челси е заинтересиран за услугите на тренерот на Интер, Симоне Инзаги, но Италијанецот не сака да си оди од Милано.

Ситуацијата со тренерот на Интер, чиј тим моментално е на врвот на табелата во Серија А може да се промени, доколку Челси понуди сериозни средства за да го донесе Инзаги како наследник на Покетино.

Интер ќе разговара со неговиот агент Тулио Тинти во следните неколку недели за да ги постави основите за обновување на договорот, бидејќи веруваат дека Инзаги ќе прифати да остане на „Сан Сиро“. Идејата е да му се зголеми платата од 5,5 милиони евра по сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО