Настанот „Lake Ohrid SUP Crossing“ или „Преминување на Охридското Езеро со даски за стоечко веслање“ закажан за 20 јули во организација на „Paddle klub“, дефинитивно треба да биде летна атракција за сите посетители на македонската езерска убавица.
За традицијата на настанот, условите за пријавување и сите придружни активности, денеска разговаравме со еден од организаторите, Дамјан Петрески.
– Патеката е од Свети Наум до Охрид. Трката за рекреативците ќе биде долга 26 км и ќе се одвива покрај брегот, додека професионалците ќе веслаат 23 км со неколку мерни станици. Конкуренцијата ќе биде силна бидејќи веќе имаме пријави од неколку атрактивни имиња од странство, потенцираше Петрески во гостувањето на Спортско Радио 90,3 ФМ.