Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) ќе загуби пет милиони евра доколку Барселона или Реал Мадрид не бидат меѓу првите две екипи во актуелната шпанска Ла лига. Ова го објави Мундо Депортиво.
Според изворот, РФЕФ има договор со Саудиска Арабија, каде во јануари се одржува шпанскиот Суперкуп, според чии услови, доколку Барселона или Реал Мадрид не бидат дел од овој турнир, Саудијците имаат право да платат пет милиони евра помалку за отсуството на секој од тимовите.
Вкупната сума што Саудиска Арабија ја плаќа на РФЕФ за домаќин на шпанскиот Суперкуп е 40 милиони евра.
Да потсетиме, сезонава Барселона и Реал Мадрид не можат да се квалификуваат за шпанскиот Суперкуп преку Купот на Кралот, бидејќи и двете екипи испаднаа од турнирот.
Уште две места во шпанскиот Суперкуп ќе добијат победникот на Ла Лига и тимот кој ќе го заземе второто место.
Во моментов лидер во шпанското првенство е Реал Мадрид, кој има 62 бода и има пет бода предност пред Барселона. Од друга страна Барселона има еден бод повеќе од Џирона, но имаат натпревар повеќе.